Снимки на плановите за напади врз САД

Сеул, 29 март 2013 (МИА) - Случајно или намерно, но севернокорејски медиуми денеска објавија две снимки на карти, што откриваат планови за напади врз американска територија, како и за способноста на вооружените сили на Пјонгјанг, пренесоа француските медиуми.

Севернокорејската државна агенција објави две фотографии во прилог на информацијата за итно заседание на највисокото раководство, свикано ноќеска од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

На фотографиите се гледа дека заседанието минува во просторија слична на командна сала. Во заден план се гледа карта, на која пишува „План за напади на стратегиските сили врз американскиот континент“. Линиите на картата се чини ги оцртуваат траекториите на истреланите ракети кон САД.

-Не верувам дека станува збор за грешка, рече портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана. „Мислам дека оваа карта беше намерно објавена, несомнено за да се покажат фактите за воената моќ на Северот“, посочи портпаролот.

Експерти за Северна Кореја сметаат дека таа е предалеку од совладување на технологијата што и дозволува да истрела ракети со голем досег, и покрај тоа што успешно изведува во орбитата ракета со сателит. Ракетите, со кои Пјонгјанг сега располага не можат да стигнат до американските воени бази во Тихиот океан, во Гуам и Хаваи, а уште помалку на самиот американски континент, посочува портпаролот.

На итното заседание Ким Џонг-ун нареди подготовка за ракетни напади врз американскиот континент и американските бази во Тихиот океан како одговор на вежбовните летови со невидливите за радарите бомбардери Б-2 во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...