С. Кореја подготвена за напад

Сеул, 4 април 2013 (МИА) - Северна Кореја постави ракетен систем со среден дострел на своето источно крајбрежје, соопштија јужнокорејските медиуми.

- Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја имаат информации за предислоцирање на ракета со среден дострел на брегот на Јапонско Море, изјавија владини извори во Сеул.

Засега не е познато дали балистичката ракета е поставена од безбедносни причини и дали Пјонгјанг планира да ја истрела, или тоа е едноставно демонстрација на сила од страна на оваа земја.

Севернокорејските ракети од типот „Мусудан“ имаат дострел од над 3.000 километри, што и овозможува на Северна Кореја да достигне цели на територијата на Јужна Кореја и на Јапонија. Не е исклучено тие да можат да достигнат и до тихоокеанскиот остров Гуам, кој е под контрола на САД.

Според јужнокорејски воени експерти, Пјонгјанг се уште не извршил проба на вакви ракети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...