Нуклеарна закана не е игра, ова е многу сериозно

Њујорк, 5 април 2013 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа повика Северна Кореја да ги „намали тензиите“ во алармантната ситуација, оценувајќи дека секаква грешка во проценката во таа криза може да има „многу сериозни последици“.

- Нуклеарна закана не е игра, ова е многу сериозно. Јас мислам дека отишле премногу далеку со својата реторика и загрижен сум заради фактот што секоја грешка во оцена на ситуацијата може да предизвика криза со сериозни последици, изјави Бан на прес конференција во Мадрид.

Северна Кореја транспортираше втора ракета со среден дострел на источното крајбрежје и ја инсталира на мобилна лансирна рампа, јави Би-Би-Си повикувајќи се на јужнокорејски владин извор.

Министерството за одбрана во Сеул вчера потврди за поставена прва севернокорејска ракета на источното крајбрежје во државата, но засега нема коментар за информациите за втората ракета.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Кин Кван-Јин изјави дека ракетата може да достигне „значајна далечина“, но не и американско копно.

Северна Кореја поттикната од нови санкции на ОН и воени вежби на Јужна Кореја и САД, упати низа закани за можна нуклеарна војна. Севернокорејската армија вчера соопшти дека добила конечно одобрение за воена акција против САД.

– Моментот на експлозија брзо се приближува, соопшти Генералштабот на севернокорејската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...