Никој не може да го спречи Сноуден да објавува нови тајни материјали

Лондон,1 јули 2013 (МИА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави дека никој веќе не може да го спречи Едвард Сноуден да објавува нови тајни материјали на НСА (американската Национална агенција за безбедност).

Во интервју,направено по телефон од зградата на еквадорската амбасада во Лондон,каде Асанж се крие повеќе од една година,овој поранешен австралиски хакер демантираше дека тој манипулира со Сноуден и со претседателот на Еквадор,Рафаел Кореа за да ги обесхрабри надежите на Американецот за екстрадиција.

Лони Сноуден,таткото на поранешниот ИТ техничар во ЦИА,а потоа вработен во фирми кои имаат договор со НСА, пред три дена изјави дека неговиот син Едвард Сноуден е „постојано манипулиран од оние кои се околу него“ вклучувајќи ги и луѓето од Викиликс.

Според Асанж,таквите обвинувања не се точни.

- Имам разбирање за таткото на Едвард,кој е загрижен и реагира како родител,но нема вистина во обвинувањата за манипулација-вели Асанж.

Тој го нарекува Американецот „вистински херој“ и тврди дека токму Викиликс му помогнал да побегне од Хонг Конг во Русија.

Асанж ги повикува сите влади во светот да му помогнат на Сноуден и да му дадат азил. Американецот кој побегна во Хонг Конг на 20 мај,откако самиот откри дека тој ја обелоденил „супер тајната“ на владата на САД,за тоа дека НСА и американските безбедносни служби ја надгледуваат телефонската и интернет комуникацијата,се уште се наоѓа во Москва.

Засега не се знае што ќе се случува со Сноуден,ниту дали тој ќе оди во некоја трета држава,како што тоа го навестуваа и руските власти.

Претходно,беше најавено дека Американецот побарал азил во Еквадор,но тамошниот претседател Рафаел Кореа синоќа изјави дека Сноуден „се наоѓа под заштита на властите во Русија“ објаснувајќи го тоа со пасошот што претходно му го поништија американските власти.

Британски правни експерти тврдат дека Асанж кој е обвинет во Шведска за сексуално насилство,па од средината на јуни се крие во еквадорската амбасада во Лондон,за да не биде екстрадиран во Стокхолм, го користи случајот на Сноуден за своја промоција,како и за ново покренување на неговиот случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...