
Каиро, 3 јули 2013 (МИА) - Египетската војска го суспендираше Уставот што го поддржуваа исламистите, го извести Морси дека повеќе не е претседател и свика предвремени избори, јавуваат западните медиуми.
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили Абдел Фатах ал-Сиси соопшти во обраќањето до нацијата дека на Морси му е одземена власта и дека привремено на местото шеф на државата ќе го менува претседателот на Уставниот суд.
Тој најави дека ќе биде формирана технократска влада.