Јеменскиот огранок на Ал каеда стои зад заговорот за напади

Вашингтон, 9 август 2013 (МИА) - Огранокот на Ал каеда во Јемен, а не лидерот на организацијата Ајман ал Завахири, стои зад заговорот за напади врз западни цели, што ги натера САД да објават тревога за безбедност, објави „Волстрит џурнал“.

Според податоци добиени од анонимен американски службеник, Насер ал Ваиши, лидер на „Ал каеда на Арапскиот полуостров“ со седиште во Јемен, е мозокот зад проектот за напади.

Завахири е број еден во Ал каеда и поранешна десна рака на Осама бин Ладен, но тој само ја одобрил операцијата, предложена од Јемен, според негов разговор со ограноците на мрежата, пресретнат од американското разузнавање.

- Завахири да даде одобрение е многу различно од тоа сам да нареди заговор или да е способен да започне напад во стилот на 11 септември, изјавил изворот. Ако тоа се потврди, пасивната улога на лидерот на Ал каеда во проектот за напади ќе ги потврди зборовите на претседателот на САД Барак Обама дека „централното јадро на Ал каеда е на пат да биде разбиено“.

И покрај тоа, Обама повика да се сфатат „сериозно“ неодамнешните екстремистички закани кон американски интереси. 

Јемен во средата соопшти дека осуетил план на Ал каеда, кој предвидувал заземање на градови и нафтени терминали во земјата, како и земање за заложници и кревање во воздух гасоводи и нафтоводи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...