ВИДЕО: Насилството во Египет не стивнува

досега загинаа најмалку 278 лица

Каиро, 15 август 2013 (МИА) - Египет синоќа беше арена на жестоки судири и протести и покрај вонредната состојба, која беше воведена со цел да се нормализира ситуацијата во земјата, каде вчера беа убиени најмалку 287 лица, јави ДПА.

Приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси реагираа гневно на крвавото растурање на нивните протестни кампови од страна на силите за безбедност.

Исламистичкото движење Муслиманско братство на својот сајт соопшти дека биле одржани протести во вториот по големина град во Египет, Александрија и во уште две северни провинции.

Египетските медиуми јавуваат дека илјадници приврзаници на Морси се собрале пред џамијата во источниот дел на Каиро.

Според високи претставници на силите за безбедност, пак, ситуацијата во Египет е мирна, благодарение на воведување на вонредната состојба.

Најмалку 278 лица се убиени, а две илјади се ранети во насилството во Египет вчера, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од жртвите се цивили, а повеќето од нив загинале во операциите на силите за безбедност за растурање на протестните кампови на приврзаниците на Морси.

Шеесет и едно лице е убиено покрај џамијата Раба ал Адавија, каде се наоѓаше главниот камп на поддржувачите на Морси во Каиро. Дваесет и едно лице загина на плоштадот „Ал Нахда“, каде беше отворен другиот камп на приврзаниците на Морси.

Четириесет и едно лице, меѓу кои шестмина полицајци се убиени при растурањето на кампови на приврзаници на Морси во провинцијата Мина, на околу 200 километри јужно од главниот град Каиро, изјавија претставници на Министерството за здравство.

Во Египет вчера загинаа вкупно 43 полицајци, од кои 18 офицери, изјави министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим.

Времените власти во Египет застанаа во одбрана на своите операции за растурање на камповите на приврзаниците на Морси и ветија дека ќе ја нормализираат ситуацијата во земјата.

 

Ибрахим даде уверување дека нема да дозволи натамошно одржување на т.н. седечки протести против соборувањето од власт на Морси.

Тој вети дека ќе го обнови нивото на безбедност од времето на претседателот Хосни Мубарак, кој беше принуден да се повлече во февруари 2011 година, под притисок на масовните протести.

Ибрахим изјави дека 21 полициска станица била цел на напад во последните насилства во Египет и додаде дека во операциите против приврзаниците на Морси полицајците биле подложени на напади со автоматско оружје.

Ибрахим ги демантираше тврдењата на претставници на силите за безбедност, дека се уапсени двајца од лидерите на Муслиманското братство, Есам ел Ериан и Мохамед ел Белтаги.

Времениот претседател на Египет Хазем ел Беблави изјави дека полицијата и армијата пројавиле исклучителна воздржаност, но оти биле соочени со ситуација, која не можеле да ја толерираат.

- Анархијата се ширеше и беа напаѓани болници и полициски станици, нагласи тој.

Беблави вети дека ќе продолжи преодниот процес, кој треба да доведе до одржување на парламентарни и претседателски избори во Египет на почетокот на следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...