Генерал Демпси-

Сириските бунтовнци нема да ги поддржат интересите на САД

Вашингтон, 21 август 2013 (МИА) - Администрацијата на претседателот Барак Обама се противи дури и на ограничена американска интервенција во Сирија, затоа што верува дека бунтовниците кои се борат против режимот на Башар ал Асад, нема да ги поддржат интересите на САД, доколку ја освојат власта, изјави генерал Мартин Демпси, началник на генералштабот на американската армија.

Во писмо испратено до еден конгресмен, генерал Демпси отфрла секаква можност за употреба на американските крстосувачки ракети, или на други воени можности што во основа, би значеле влегување на американските војници на сириското тло.

- Американската армија е способна да се пресмета со сириските воздухопловни сили и да го измести воениот баланс во полза на опозиционите бунтовници, вели Демпси, објаснувајќи дека таквиот приод на работите ќе предизвика влегување на САД во една нова војна во арапскиот свет, која не би нудела мирно разрешување на ситуацијата во Сирија, заробена со етничките и верските противречности.

Според овој американски генерал, ситуацијата во Сирија не се сведува на избор меѓу две страни, туку меѓу повеќе, а страната што САД би ја одбрала, би требало да застанат во одбрана на своите, но и на американските интереси. А, таква страна нема во Сирија-констатура началникот на генералштабот на американската армија, генерал Мартин Демпси.

Претседателот Обама уште во 2011 година го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од функцијата, но одбива било какво американско директно вклучување во конфликтот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...