Носач на авиони со борбена придружба плови кон Сирија

Вашингтон, 2 септември 2013 (МИА) – Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон, Нимиц и бродови од негова борбена придружба, се упатија на запад кон Црвеното Море за да дадат поддршка за можен американски ограничен воен удар врз сирискиот режим.

Борбената придружба во која се четири разурнувачи и еден крстосувач засега нема специфична наредба да замине во источниот дел од Средоземното Море, но се движи кон Арапското Море за да биде во случај на потреба, поблиску до Сирија.

Американската морнарица двојно ги зголеми своите капацитети во источниот дел од Средоземно Море, каде сега се пет разурнувачи кои заедно имаат 200 проектили Томахавк. Флотата на Нимиц беше во Индискиот Океан каде даваше поддршка за операциите во Авганистан и требаше да се врати во САД откако беше неодамна заменета од носачот на авиони Хари Труман.

- Француската Влада нема да ја послуша опозицијата која бара пратениците да гласаат за тоа дали треба да се преземе воена интервенција во Сирија, изјави денеска шефот на надворешно-политичкиот одбор на парламентот на Франција, Елизабет Гигу.

– Во ваква сложена ситуација мора да се држиме до принципите, со други зборови до Уставот кој не го обврзува претседателот да организира гласање, па дури ни расправа. Мислам дека гласањето политички не би имало никаква смисла, нагласи Гигу од владејачката Социјалистичка партија за радиото Франс инфо. Според неа, Франција не може сама да интервенира.

– За да има легитимитет интервенцијата, мора да биде извршена од голема коалиција, додаде таа.

Според анкети, две третини Французи се против воена интервенција врз Сирија.

Официјален Дамаск побара денеска од Обединетите нации да спречи секаков вид на агресија врз Сирија, откако американскиот претседател Барак Обама повика на напад на сириската армија како одговор на наводните напади со хемиско оружје.

Сирискиот претставник во ОН Башар Џафари во писмо до генералниот секретар Бан Ки-мун и претседавачот со Советот за безбедност на ОН Марија Кристин Персевал го повика генералниот секретар да го преземе својот дел од одговорноста во спречување на секаков вид агресија врз Сирија и да продолжи со напорите за постигнување политичко решение за кризата во земјата, објави сириската државна агенција САНА.

Џафари, исто така, го повика СБ на ОН да продолжи со својата улога на безбедносен вентил за спречување на апсурдна употреба на сила, што излегува надвор од рамките на меѓународниот легитимитет.

Официјален Пекинг денеска соопшти дека е многу загрижен подари можноста од еднострана воена интервенција на западните сили во Сирија.

- САД им ги претставија своите докази на Кина за употреба на хемиско оружје во Сирија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи.
Официјален Пекинг наведува дека „ниту една страна не треба да брза и да ги прејудицира резултатите од истрагата на инспекторите на Обединетите нации за хемиско оружје, кои би требало да извршат објективна и непристрасна истрага во соработка со сириската Влада“.

Администрацијата на претседателот Барак Обама вчера организираше неколкучасовен брифинг за стотина членови на Конгресот, во кој ги претстави доказите со кои располага за вмешаноста на режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад во нападот со хемиско оружје во близината на Дамаск на 21 август.

Претседателот Обама и државниот секретар Џон Кери, за доказите, рекоа дека се сигурни и не оставаат простор за сомнеж дека бил употребен гасот сарин. Сепак, дел од конгресмените, по брифингот воден од заменикот советник за национална безбедност Тони Блинкен во големата конференциска сала под Конгресот во Вашингтон, се изјаснија дека имаат резерви кон барањето на претседателот Обама за напад врз Сирија.

Главното прашање е начинот на кој е формулирано неговото барање.

- Резолуцијата за одобрување на употреба на воена сила е премногу општа. Сигурен сум дека ќе биде сменета во Сенатот, изјави сенаторот Патрик Лејхи од Вермонт, еден од најблиските сојузници на Обама во Конгресот.

Барањето предвидува Обама да има можност да ги употреби воените сили како што смета дека е потребно за да спречи употреба или пренесување на хемиски оружја или други оружја за масовно уништување, да ги заштити САД и американските сојузници и партнери од вакви оружја.

Обама повеќе пати се заложи дека ќе нареди само воздушен напад, и тоа веројатно без употреба на авиони туку само на ракети лансирани од бродови, со цел да испрати предупредувачка порака до Асад, но не и да го урне неговиот режим од власт. Сепак, овие ветувања на претседателот не се доволни за дел од конгресмените, како сенаторот

Лејхи, кои бараат текстот на резолуцијата да биде по-ограничувачки за претседателот.

Од друга страна, значителен дел од републиканските конгресмени бараат претседателот да употреби сериозна воена сила, за да стави крај на граѓанската војна и да го урне Асад од власт.

Министрите за надворешни работи на Арапската лига ги повикаа ОН и меѓународната заедница да преземат акција против сирискиот режим заради наводниот напад со хемиско оружје близу Дамаск.

Арапските држави не повикаа на воени удари, што беше предлог на САД, во момент кога има поделба во таа организација каде неколку држави се спротивставуваат на странска интервенција во Сирија.

– ОН и меѓународната заедница се повикуваат да преземат своја одговорност во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, преземајќи неопходни мерки за спречување, се вели во соопштение по состанок во Каиро.

Според анкети во Израел, две третини Израелци поддржуваат напад на САД врз режимот на Асад. Анкетата објавена во весникот Исраел Хајом покажува дека 66 отсто  анкетирани биле „за“ американска и европска воена интервенција врз Сирија, додека само 17 отсто биле против. Во анкетите се забележува и дека кај Израелците има доза на разочараност бидејќи како што тврдат на американскиот претседател Барак Обама му недостига одлучност и затоа бара одобрување од Конгресот за воен напад врз Сирија.

Сириската опозиција обвинува дека Асад воената опрема ја префрлил на цивилни подрачја, а на воени локации поставил затвореници како човечки штит пред можни воздушни удари на западни сили. Тие тврдат дека ракети и проектили Скад, лансирни рампи и војници се сместени по школи, студентски домови и владини згради, а затвореници како човечки штитови, се ставени на воени цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...