САД бараат Дамаск да ги откире складиштата со хемиско оружје

, Русија верува во можноста за мир во Сирија

Женева, 12 септември 2013 (МИА) - САД денеска ги повикаа властите во Дамаск веднаш да обелоденат колкави количества на хемиско оружје поседуваат и местата на кои тоа се наоѓа.

Повикот од Вашингтон доаѓа во време кога американскиот државен секретар Џон Кери допатува во Женева на дводневни разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, посветени на предлогот на Москва за ставање на сириското хемиско оружје под меѓународна контрола и негово етапно уништување.

Кери по пристигнувањето во Женева изјави дека има намера да ја тестира сериозноста на рускиот предлог и дека се надева оти тој ќе овозможи брза евиденција и изолација на сите резерви на хемиско оружје што ги поседуваат сириските власти. Според него, тие резерви изнесуваат околу илјада тони.

Лавров, од своја страна, денеска оцени дека се уште постои можност за мир во Сирија и дека меѓународната заедница не смее да дозволи таа шанса да биде пропуштена.

- Сигурен сум дека постои шанса за мир во Сирија, изјави Лавров во обраќање пред група студенти во Казахстан, од каде отпатува за Женева.

Средбата меѓу Кери и Лавров ќе започне попладнево, а паралелно со неа ќе се одржат и разговори меѓу експерти за хемиско оружје на САД и Русија кои ќе треба да ги утврдуваат деталите од планот на Москва, за кој, член на американскиот преговарачки тим, изјави дека е тешко спроведлив.

Белата куќа вчера соопшти дека за постигнување дипломатско решение за сириската криза ќе биде потребно „одредено време“, но сепак се согласи на разговори со Москва околу хемиско оружје на Сирија и покрај скептицизмот на некои претставници на властите во Вашингтон.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, Лахдр Брахими исто така допатува во Женева, каде според најавите на неговиот портпарол Хавала Матар, ќе има одвоени разговори со Кери и со Лавров, по што е можно одржување и на тројна средба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...