Бројот на жртвите од земјотресот во Пакистан се искачи на 218

Исламабад, 24 септември 2013 (МИА) - Во силниот земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди западната пакистанска провинција Белуџистан, според најновите податоци, загинале најмалку 218 лица, а 382 други се повредени.

Пакистанските власти соопштија дека  сите жртви се од градот Аваран, кој е најблиску до епицентарот на потресот, или од неговата околина.

Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено.

- Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни окрузи, изјави портпаролот на провинциската Влада на Белуџистан, Џан Мохамед Буледи, додавајќи дека последиците од земјотресот се застрашувачки.

Белуди соопшти дека властите имаат сериозни потешкотии да стапат во контакт со локалните претставници во некои делови на оваа најслабо населена пакистанска провинција, па засега нема информации за последиците од потресот во тие делови и за евентуални жртви.

Во областите на растојание од 50 километри од епицентарот на земјотресот живеат околу 60.000 лица, во најголемиот дел во куќарки изградени од кал и камења.

Земјотресот, кој бил почувствуван и во индискиот главен град Њу Делхи, бил на длабочина од 20 километри под површината на земјата.

По земјотресот во крајбрежјето на Пакистан дојде до невообичаена појава, кога од водите на Арапското Море „изникна“ нов остров. Островот е висок меѓу шест и девет метри и се наоѓа на оддалеченост од околу 350 метри од брегот.

Сеизмологот Захид Рафи оцени дека оваа појава и не е толку изненадувачка, имајќи ја предвид јачината на потресот.

Ова е втор посилен земјотрес во Пакистан оваа година по оној во април што го погоди југозападниот дел на земјата, при што загинаа над 40 лица. Досега најкатастрофалниот познат земјотрес во историјата на Пакистан се случи во 2005 година кога загинаа 74.000 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...