Четиригодишно момче го спасило животот на четири лица во молот во Најроби

„Ти си лош човек, пушти не да си одиме“

Лондон, 25 септември 2013 (МИА) - Заложничката криза во трговскиот центар во Најроби заврши и на виделина веќе излегуваат детали за појави на хероизам на некои од заложниците, пишува весникот „Индипендент“.

Така, четиригодишниот Елиот Приер од Велика Британија успеал да им се спротивстави на напаѓачите и на тој начин да го спаси животот на уште четири лица, посочува весникот.

Малиот Елиот видел како еден од напаѓачите пука во ногата на мајка му, по што му се развикал на терористот.

- Ти си лош човек, пушти не да си одиме, му викало тоа низ солзи на вооружениот исламист.

Иако со тоа очекувано било да предизвика гневна реакција, детето некако успеало да допре до чувствата на напаѓачот, кој за да го смири му дал чоколатце „Марс“, наведува „Индепендент“.

Потоа напаѓачот и дозволил на застреланата жена да ги одведе момчето и неговата сестричка Амели. Тогаш 35-годишната жена ја искористила можноста, па и  покрај раната успеала, освен своите две, да извлече и уште две непознати деца, од кои едното било рането.

Драматичниот настан пред новинарите го раскажал чичкото на малиот Елиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...