Kиднапиран либискиoт премиер Али Зејдан

Триполи, 10 октомври 2013 (МИА) - Либискиот премиер Али Зејдан беше киднапиран рано изутринава во Триполи од вооружена група, за која се претпоставува дека е составена од поранешни бунтовници, и е одведен во непознат правец, соопшти либиската Влада.

Во соопштението се наведува дека Владата се сомнева во две групи, кои би можеле да стојат зад киднапирањето - „Домот на либиските револуционери“ и „Бригадата за борба против криминалот“, кои теоретски се одговорни пред министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Министерскиот совет одржува вонредна седница, со која раководи првиот вицепремиер Садил Абдел Рахман.
Владата соопшти дека во потрагата по премиерот се вклучиле највисоките либиски институции и ги повика граѓаните да останат мирни.

Засега никој не презеде одговорноста за киднапирањето.

Зејдан беше киднапиран од хотелот „Коринтија“, каде се наоѓа неговата канцеларија.

Телевизијата „Скај њуз - Арабија“ нагласува дека киднапирањето на премиерот веројатно е поврзано со акцијата на американските командоси во саботата во Триполи, во која беше уапсен еден од лидерите на Ал Каеда, Абу Анас ал Либи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...