Дали премиерот е киднапиран или уапсен?

Триполи, 10 октомври 2013 (МИА) - Либискиот премиер Али Зејдан е приведен во Одделот за борба против криминалот при Министерството за внатрешни работи на Либија и е во добра здравствена состојба, соопшти претставник на Одделот, прецизирајќи дека кон него ќе се однесуваат добро.

Претходно, групата Оперативен штаб на либиските револуционери соопшти дека нејзини припадници денеска пред разденување го уапсиле  Зејдан во хотелот „Коринтија“, каде се наоѓа неговиот кабинет, поради улогата на неговата Влада во фаќањето на лидерот на Ал Каеда во Либија, Абу Анас ал-Либи,  кој во саботата беше заробен во Триполи од американски командоси.

Групата Оперативниот штаб на либиските револуционери, која е составена од поранешни бунтовници, е ангажирана од Министерството за внатрешни работи со задача да се грижи за безбедноста во либискиот главен град.

Портпаролот на групата изјави дека премиерот бил уапсен по наредба на Јавното обвинителство на Либија.

Меѓутоа, како што пренесе ДПА, Обвинителство негира дека издало налог за апсење на либискиот премиер. Според Јавното обвинителство, Зејдан е киднапиран и одговорните за тоа ќе бидат казнети согласно законот.

Либиската Влада исто така соопшти дека премиерот Али Зејдан „бил киднапиран“. Во владиното соопштение се нагласува дека Зејдан бил грабнат рано изутринава во Триполи од вооружена група, за која се претпоставува дека е составена од поранешни бунтовници, и бил одведен во непознат правец.

Владата информира дека во потрагата по премиерот се вклучиле највисоките либиски институции и ги повика граѓаните да останат мирни.

Во меѓувреме се огласи и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој повика на итно ослободување на Зејдан.

- Ги следам настаните со голема загриженост. Важно е ситуацијата да стане појасна што е можно поскоро и ако се потврди киднапирањето на Зејдан, повикувам на неговото итно ослободување, изјави Расмусен.

Според него, стабилноста и владеењето на правото во Либија се од најголема важност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...