Манила, 15 октомври 2013 (МИА) - Најмалку 20 луѓе загинаа, а 33 се повредени во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Филипини.
Земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на два километри југоисточно од градот Кармен во провинцијата Бохол.
Поради земјотресот во прекин е снабдувањето со електрична енергија во повеќе филипински реони.