Поголем дел од документите на Сноуден не се објавени

Вашингтон, 22 октомври 2013 (МИА) - Американската Агенција за национална безбедност (НСА) ги шпионирала сите латиноамерикански земји, изјави пред учесниците на 69. собрание на Меѓународното здружение на печатот, поранешниот новинар на весникот „Гардијан“. Глен Гринволд, кој ги објавува документите на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден.

Гринволд, кој живее во Бразил, телефонски се вклучи во работата на средбата на медиумското здружение, организирана во американскиот град Денвер.

Новинарот истакна дека повеќето документи, кои ги поседува Сноуден, се уште не се објавени, ветувајќи дека тие наскоро ќе се појават во весниците. Тој, исто така, додаде дека кај него постојат уште материјали за незаконското следење на Американци во САД.

Коментирајќи го скандалот со прислушувањето на француски граѓани од страна на НСА, Гринволд потврди дека весникот „Монд“ одамна располагал со оваа информација.

- Одлуката кога и во каква форма да биде објавена оваа информација е на самиот весник, нагласи Гринволд како одговор на прашањето дали се чекало совпаѓање со посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на Париз.

Претходно, новинарот на Твитер напиша дека за брзо време ќе објави информација за американското шпионирање на Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...