Мадуро се пресметува со теленовелите

Каракас, 21 јануари 2014 (МИА) - Претседателот на Венецуела Николас Мадуро одлучи да се пресмета со теленовелите, оценувајќи дека се главните виновници за пораст на криминалот и насилството во земјата.

Мадуро ги обвинува телевизиските сапуници за ширење на „антивредности“ меѓу младите луѓе бидејќи во нив се слави насилството, оружјето и дрогата.

Претседателот на Венецуела минатата година ги критикуваше и насилните видео игри и холивудскиот филм „Спајдермен“.

Мадуро најголемата продукција во земјата „Веневисион“ го обвини дека профитира од насилството, го слави злосторството во една од своите теленовели каде главната хероина ја труе својата мајка за да скрие кој е татко на нејзиното дете.

Еден од авторите на неколку теленовели Алберто Барера Тиска изјави дека телевизијата само го рефлектира алармантното ниво на насилство во општеството и оти Мадуро треба да се сврти кон причините за криминалот наместо да воведе ограничување на теленовелите.

Потпретседателот на Венецуела Хорхе Ареас синоќа имаше состанок со телевизиските емитери и оператори со цел да ја испита содржината на ударните термини, предупредувајќи дека тие би можеле да се во спротивност со Законот од 2004 година за „општествено одговорна“ програма.

Двете страни треба за една недела да изработат предлог-договор за обврските на „емитерите“.

Претставник на независна група за собирање на податоци за насилството Брикено Леон изјави дека над 24.000 луѓе се убиени во Венецуела минатата година со што бројот на убиствата изнесува 79 на 100.000 жители. Владата ги негира тие информации и изнесува бројка од 39 убиства на 100.000 луѓе, што и понатаму е најголема стапка на убиства во Јужна Америка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...