Во Монтре почна конференцијата за Сирија

Монтре, 22 јануари 2014 (МИА) - Во швајцарскиот град Монтре почна меѓународната конференција за Сирија, Женева-2. 

Форумот беше отворен од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

На конференцијата учествуваат министрите за надворешни работи на 40 држави, меѓу кои Русија и САД, претставници на сириската Влада и на сириската опозиција.

Бан пред делегатите изрази надеж дека конференцијата ќе го постави почетокот на мировниот процес во Сирија.

Тој им се заблагодари на учесниците, што ја прифатиле неговата покана за учество на конференцијата.

- Сергеј Лавров и Џон Кери напорно работеа заедно со мене и со другите наши партнери за да стигнеме до тука, додаде Бан.

Тој ги повика сириската Влада и опозицијата да ја искористат ова можност без преседан за да ја променат судбината на сирискиот народ.

- По три години крвопролевања во Сирија денеска се собравме тука за да постигнеме мир. Прв пат претставници на Владата, на опозицијата и на меѓународната заедница се на една маса, за да најдат излез од кризата, нагласи Бан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...