Лидерот на сириската опозиција ја напуштил Женева

Женева, 24 јануари 2014 (МИА) - Лидерот на главната сириска опозициска група, Ахмад Џарба си заминал од Женева, тврдат дипломатски извори.

Претседателот на Националната коалиција на опозициските и револуционерни сили во Сирија му дал овластувања на генералниот секретар на оваа групација Бадр Џамус да ги води преговорите во име на опозицијата. Џамус добил и овластување да ги прекине преговорите во секој момент доколку е тоа потребно.

Претходно, сириската владина делегација се закани со повлекување од преговорите, доколку „до сабота не почнат сериозни разговори“. Заканата на сириската делегација доаѓа по изјавата на Џарба дека „Асад и неговиот режим се политички труп, па затоа тие не можат да бидат дел од иднината на Сирија“.

Бутина Шабан, советник на претседателот Башар ал Асад, за Би-Би-Си изјави дека „повеќе нема да има заеднички средби со делегацијата на опозицијата“. Според него, додека владината делегација инсистира на разговори за прекин на борбите, опозицијата „е заинтересирана само за смена на претседателот Асад од власт“.

За попладнево во 16 часот е закажана средба на делегацијата на сириската влада со специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.

Опозицијата, пак, предупреди дека нема да има заедничка средба на двете страни, ако владината делегација не го прифати договорот од претходната конференција „Женева 1“ од пред 18 месеци, со кој се бара создавање на преодна влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...