Никој не ги проверувал двата украдени пасоши на патници од малезискиот авион

Париз, 9 март 2014 (МИА) - Меѓународната полициска организација Интерпол соопшти дека никој не правел проверка во нивната база на податоци на двата украдени пасоши, користени од патници на летот на исчезнатиот малезиски авион.



Полициската организација посочи дека најмалку два пасоша, регистрирани како изгубени или украдени во нејзината база на податоци, биле користени од страна на патници во исчезнатиот авион.

Во овие бази на податоци не се направени никакви проверки за италијански или австриски пасоши пред летот. Интерпол изрази силна загриженост затоашто патници биле пуштени во меѓународен лет со пасоши кои претходно биле регистрирани во нејзината база на податоци и соопшти дека проверува други сомнителни пасоши, користени во овој лет.

- Прерано е да се прават претпоставки за врската меѓу украдените пасоши и исчезнувањето на авионот, но се разбира дека е многу вознемирувачки податокот дека патник успеал да се качи во меѓународен лет со украден пасош, регистриран во базите на податоци на Интерпол, изјави генералниот секретар на организацијата Роналд Ноубл.

Интерпол е во контакт со своите канцеларии во Италија и Австрија за да се обиде да ги утврди вистинските идентитети на лицата кои се качиле на авионот со украдени документи.

- При проверка на останатите пасоши на патниците во авионот е утврдено дека и други лица имале сомнителни документи, поради што е потребна понатамошна истрага, соопшти портпаролката на Интерпол.

Ноубл изрази разочарување поради тоа што многу малку од 190-те земји членки на Интерпол ги проверуваат систематски базите со податоци за да утврдат дали документите, користени при авионскиот транспорт, се регистрирани како изгубени или украдени.

- Ова е ситуација која се надевавме дека никогаш нема да ја видиме. Повеќе години Интерпол прашува зошто земјите чекаат да дојде до трагедија за да воведат мерки за безбедност на границите и авионските терминали, изјави генералниот секретар на Интерпол.

Тајландската полиција соопшти дека истражува можен шверц на пасоши, бидејќи резервациите со двата сомнителни европски пасоши на малезискиот авион биле направени во Тајланд.

Австрискиот државјанин Кристијан Козел и италијанскиот граѓанин Луиџи Маралди се на списокот патници, но не биле во исчезнатиот авион. Пасошите им биле украдени во Тајланд во 2012 и 2013 година.

Двата авионски билети со нивните имиња биле резервирани на 6 март и издадени во тајландското одморалиште Патаја. Двата електронски билети се со последователни броеви.

Малезија започна истрага за терористички акт по вчерашното исчезнување на авионот Боинг 777 на Малезија ерлајнс со 239 лица на него.

Пилотот на исчезнатиот авион, 53-годишниот Захарие Ахмад Шах бил толку предаден на пилотирањето на Боинг што во неговиот дом си направил симулатор, на кој вежбал надвор од работното време, раскажаа колеги на пилотот, пренесува БТА.

Захарие имал 18.000 часови искуство во летање како пилот, а во компанијата работел повеќе од 30 години. Копилотот, 27-годишниот Фарик Абдул Хамид имал 2.763 часови лет и работел за компанијата од 2007 година.

Според неговите колеги пилотот бил одлично запознаен со уредите во Боинг 777 и е невозможно тој да носи вина за исчезнувањето на авионот.

- Тој знаеше се за Боинг 777. Требало да се случи нешто значајно, за да исчезне авионот. Требало да има оштетување на целиот електронски систем, изјави пилот на Малезија ерлајнс, кој добро го познавал Захарие.

- Боинг 777 е еден од најбезбедните авиони. Тој нема да падне од небото само така, изјави поранешен пилот на Малезија ерлајнс, кој сега работи во друга авиокомпанија.

Авионот „Боинг 777-200ЕР“ на компанијата „Малезија ерлајнз“ вчера исчезна од радарот со 239 патници и членови на екипажот за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...