Екипажот не предизвикал исчезнување на авионот

Куала Лумпур, 12 март 2014 (МИА) - Висок претставник на малезиската авиокомпанија „Малезијан Ерлајнс“, која е сопственик на исчезнатиот Боинг, изјави дека нема основа да се смета дека какви било дејствија на екипажот предизвикале исчезнување на авионот.

Комерцијалниот директор на малезиската компанија Хју Данливи, изјави дека нема основа да се верува дека нешто или какви било дејствија на екипажот се причина за исчезнувањето.



Потрагата по авионот продолжува денеска во поширок периметар во регионот од Кина до Андаманското Море.

Малезија побарала од Индија да и помогне да го локализира исчезнатиот авион, се наведува во соопштение на индиското Министерство за внатрешни работи. Засега се уште не е одлучено во кои региони на Индија ќе почне истрагата.

Ова е официјално петтиот ден од потрагата по авионот со 239 патници што летал од Куала Лумпур за Пекинг. Последниот контакт со контролорите на летот авионот го остварил кај источниот малезиски град Кота Бар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...