Исчезнатиот „Боинг 777“ бил киднапиран!?

Куала Лумпур, 15 март 2014 (МИА) - Резултатите од истрагата околу исчезнувањето на малезискиот авион укажуваат дека е можно леталото да било киднапирано од страна на некој од пилотите или од друго лице, соопшти денеска претставник на Владата на Малезија, кој побарал анонимност.

Според него, засега не се познати причините за евентуалното киднапирање на авионот од типот „Боинг 777“, како ни тоа каде сега се наоѓа леталото.



- Киднапирањето на авионот повеќе не е теорија, туку се потврдува и со резултатите од истрагата, нагласи тој.

Истиот извор потенцира, дека овие резултати укажуваат оти комуникацијата на авионот со контролата на летање била намерно прекината, по што леталото било насочено кон реони во кои е недостапен за радарите.

Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот исчезна минатата сабота, на 8 март, помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг.

Според податоците на контролите на летање, авионот кој се движел во правец кон североисток, уште над териотријата на Малезија свртел кон запад, по што исчезнал од радарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...