Њу Делхи, 16 март (МИА) – Индија прекина денеска со потрагата по исчезнатиот малезиски патнички авион околу Андаманските и Никобарски острови и во Бенгалскиот Залив и чека нови иструкции од Малезија, изјави индиски воен претставник.
– Целата операција е прекината и чекаме нови инструкции од Малезија, изјави полковникот Хармит Синг, портпарол на Командата на индиската армија, морнарица и воздухопловство на Андаманските и Никобарските острови.

Индиските сили пребаруваа две одвоени области околу островите во Андаманското Море и Бенгалскиот залив во рамки на меѓународната потрага по Боингот 777 кој ичезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот.
Малезискиот премиер Наџиб Разак вчера изјави дека авионот бил намерно пренасочен и дека летал уште неколку часа откако исчезнал од цивилниот радар. Тој не потврди дека авионот е киднапиран.