Полицијата истражува зошто не е наредена евакуација од потонатиот траект во Јужна Кореја

Сеул, 17 април 2014 (МИА) - Еден ден по несреќата на јужнокорејскиот траект во која загинаа девет лица, а 287 и натаму се водат како изчезнати од вкупно 475 патници, нацијата е во шок и бесна поради се поголемиот број докази дека на патниците не им е дадена вистинска шанса да го напуштат бродот, туку добиле упатство да останат мирни и оти помошта пристигнува. 

Според сведочењето на повеќето преживеани, тие истакнале дека на патниците неколкупати им е речено да останат на своите места во кабините кога бродот западнал во неволја во средата наутро.

Тие кои го послушале упатството потоа сфатиле дека е невозможно да го напуштат бродот по што тој нагло се свртел што предизвикало паника. Еден од преживеаните Ким Сунг Мук рече дека се борел да спаси околу 30 ученици кои не можеле да излезат од едната сала околу една четвртина од платформата на бродот.

- Да ни кажеа да излеземе порано, тогаш повеќето од нас ќе можеа да скокнат во морето. Но повеќето луѓе останаа како што им е кажано, рече една од ученичките.

Бродот тежок 6.825 тони почна да се накривува, потоа завршил под агол од 90 степени во однос на водата, а потоа целосно се превтрел и потонал.

Вкупно 179 лица се спасени, а се стравува дека над 287 луѓе се уште се заробени внатре во бродот кој потона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...