Deutsche Welle

Крвав напад на аеродромот во Карачи

Тешко вооружени екстремисти го нападнаа аеродромот во градот Карачи, на југот на Пакистан. По тешката престрелка со безбедносните сили, напаѓачите се совладани. Во судирот загинаа најмалку 26 лица.

Напаѓачите на аеродромот во Карачи, според наводи на полицијата, биле вооружени со автоматско оружје и гранати. Борбите со безбедносните сили траеле со часови. Меѓу загинатите 26 лица, има и десетмина напаѓачи. Голем број луѓе се повредени. Портпарол на армијата на Пакистан соопшти дека нападот е одбиен и дека еден објект на аеродромот е во пламен, но дека нема оштетени авиони. Претставник на цивилното воздухопловство соопшти дека сите летови се привремено откажани, но се очекува аеродромот да продолжи со работа веќе во текот на денешниот ден (9.06).

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Нападот врз најголемиот аеродром во земјата, како што се вели, бил одмаздничка акција за воздушните напади врз селата на авганистанската граница, во кои гинат недолжни луѓе.

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека напаѓачите биле странски борци. Меѓу нив имало и Узбеци. Талибанците и други екстремисти во Пакистан над 10 години се борат против владата и за создавање строго исламска држава. Во судирите досега животот го загубија илјадници луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...