Фуад Масум нов претседател на Ирак

Багдад, 24 јули 2014 (МИА) - Ирачкиот Парламент денеска за нов претседател на Ирак го избра Курдот, Фуад Масум.

Новиот ирачки претседател требаше да биде избран вчера, но гласањето беше одложено за еден ден со цел пратеничките групи да можат да се усогласат околу претседателскиот кандидат.

Согласно системот на управување што беше договорен во Ирак по уривањето на режимот на Садам Хусеин во 2005 година, шефот на државата треба да е Курд, премиерот - шиит, а претседателот на Парламентот - сунит.

Минатата недела за прв човек на Парламентот беше избран сунитскиот пратеник Салим ал Џабури.

Претседателот на Ирак во најголема мерка има протоколарна улога, бидејќи реалната извршна власт е во рацете на премиерот и Владата.

Во Багдад денеска допатува генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој повика на создавање влада на национално единство, која ќе може да ја надмине опасност од верска и етничка поделба на земјата.

На заедничка прес-конференција со ирачкиот премиер Нури ал Малики, Бан рече дека треба да биде формирана влада, која кај сите Ирачани ќе создава впечаток дека се претставени во неа.

Бан Ки-мун денеска ненајавено допатува во Багдад во рамките на неговата турнеја низ Блискиот Исток посветена на кризата во Газа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...