Новиот индонезиски претседател ќе бара мислење на јавноста за новите министри

Џакарта, 25 јули 2014 (МИА) – Новоизбраниот претседател на Индонезија Јоко Видодо денеска ја промовира својата нова ВЕБ страна „Избор на народот за новиот кабинет’’ со која од јавноста очекува оценки за тоа кои ќе бидат новите 34 министри во владата. Во ова истражување тимот на Видодо понуди по три имиња на можните министри за одделни ресори, а оставена е и можност учесниците на анкетата да предложат уште по еден кандидат.

На листата што ќе оди на оценки на јавноста има и неколку имиња од сегашната министерска гарнитура, меѓу кои и сегашниот министер за надворешни работи Марти Наталегава.

Очекувано, на листата има најмногу имиња од коалицијата што застана зад кандидатурата на Видодо. Покрај членови на неговата Демократска партија на Борбата, во победничката коалиција се и четири помали партии, кои вкупно имаат 46 остро од парламентарните седишта.

Новоизбраниот претседател на Индонезија одби да ги соопшти имињата на неговиот тим што ќе му помага во составувањето на новата влада. Со тоа Јоко Видодо сака да ги избегне евентуалните интервенции и притисоци врз членовите на тимот. Меѓутоа, тој на новинарите категорично им соопшти дека дефинитивната одлука за министерскиот состав ќе ја донесе лично.

Новата влада на Индонезија ќе биде именувана на 23 октомври. Дали во неа ќе влезат и некои од сегашните министри зависи и од исходот на преговорите за вклучување на сега владејачката партија на претседателот Бамбанг во коалицијата на Видодо. Новиот претседател на Индонезија не сака да коментира ништо во врска со овие преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...