Американскиот лет 17

Бес и фрустрации се уште растат по уривањето на летот 17 на Малезија ерлајнс, и тоа е оправдано. Но пред да го обвиниме рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства или да ја избришеме целата епизода како трагична грешка, вреди да погледнеме назад кон друг проколнат патнички авион – летот 655 на Иран ер – кој беше урнат на 3 јули 1988 година, не од некои диви бунтовници на непознато тло, туку од морнарички капетан на САД кој бил во командата на крстарицата од класата Еџис наречена „Винсинес“.

Четврт век подоцна, случајот Винсинес речиси е заборавен, но се уште се рангира на седмото место на најфатални авионски несреќи (летот 17 на Малезијан ерлајнс е на шестото место), и е еден од најнепростливите срамови на Пентагон.

По неколку точки, двете несреќи се слични. Малезискиот Боинг 777 влетал во крвавата граѓанска војна во источна Украина, во близина на руската граница; иранскиот Ербас А300 залутал во поморски спор – еден од многуте во тогашната „танкерска војна“ (што е уште еден заборавен конфликт) – во теснецот Хормуз. Најверојатно проруските бунтовници помислиле дека стрелаат во украински воен транспортен авион; американскиот поморски капетан Вил Роџерс Третиот, го помешал ербас со Ф-14 ловец. Руска ракета СА-11 земја-воздух, го урна малезискиот авион и уби 298 патници, меѓу кои и 80 деца; американскиот ракетен систем СМ-2 го урна иранскиот авион, при што загинаа 290 патници, меѓу кои и 66 деца. По минатонеделниот инцидент, руските власти изрекоа разни лаги за да ја заташкаат нивната вмешаност, и ја обвинија украинската влада; по инцидентот во 1988, американските власти изрекоа разни лаги и го обвинија иранскиот пилот. Осум години подоцна, владата на САД им исплати отштети на семејствата на жртвите, и дури тогаш изразија „длабоко жалење“, но не и извинување.

Како воен дописник на Бостон глоуб во тоа време, известував за испалувањето од Винсенес, и пак се навратив на старите текстови, редејќи ги по хронолошки распоред официјалните лаги и изјави како што се појавуваа. Ова е вистинскиот ред како дел од историјата. На 19 август 1988, речиси седум недели по инцидентот, Пентагон објави извештај на 53 страни за инцидентот. Иако во текстот никаде директно не се спомнува, се открива дека речиси сите првични детали околу уривањето – „фактите“ кои високи службеници ги наведуваа за да ја префрлат сета вина врз иранскиот пилот – беа неточни. Но сепак во извештајот од август се заклучува дека капетанот и други офицери на Винсенес исправно постапиле.

На пример, на 3 јули на првата прес-конференција во Пентагон по инцидентот, адмиралот Вилијам Кроу, шеф на заедничките сили, рече дека иранскиот авион летал на три илјади метри и паѓал „со голема брзина“ од 450 чворови, и „одел директно“ на Винсенес. Всушност, во извештајот од 19 август – напишан од заднинскиот адмирал Вилијам Хогарти од Централната команда на САД – дошле до заклучок (од комјутерските ленти најдени во информатичкиот центар на борбениот брод) дека авионот „се спуштал од четири илјади метри“ со многу побавна брзина од 380 чворови. „Во еден миг ербасот ја намалил висината“, стои во извештајот.

Кога ја спомнав оваа дискрепанца на прес-конференцијата каде извештајот им беше претставен на новинарите, секретарот за одбрана Френк Карлучи ми мавна со рака и ми рече: „Прашање е дали различните читања ќе влијаат врз проценката“, за да се урне авион. (И ова се уште го сметам за шокантно).

Има и други еднакво вознемирувачки разлики помеѓу прес-конферецнијата на Кроу од 3 јули (во кои се посомневав дури и тогаш) и извештајот на Фогерти од 19 август. Кору рече дека авионот летал „надвор од препорачаните комерцијални рути за летови“; во извештајот стои дека летото бил во „востпоставената рута за летање“. Кроу рече дека транспордерот на авионот „сквикал“ код преку воениот канал „моуд 2“; во извештајот стоеше дека праќал сигнал преку цивилниот канал „моуд 3“. Кроу рече дека Винсенес издал неколку предупредувања; во извештајот се потврдува ова, но и се додава „заради презафатеност на пилотот за време на полетувањето и искачувањето, и барањето тој да комуницира“ со две контроли на летање, пилотот „најверојатно не следел“ што се случува  на меѓународниот канал за предупредување во воздушната комуникација.

Адмирал Џорџ Крист, шеф на Централната команда на САД, издаде „неказнива наредба за цензура“ за противвоздушната воена активност на офицерите од бродот, но Секретарот за одбрана Карлучи ја повлече оваа наредба. И не само тоа, туку две години подоцна, капетанот Роџерс доби медал за највисоки воени заслуги „заради извонредните мерки кои ги презел во извршувањето на функциите во службата“ како командант на Винсенес, „од април 1987 до мај 1989 година“.

Уште еден шокантен момент за кој не знаев се до денес: во 1992 година, четири години по настанот (и кратко откако преминав во друга редакција), адмиралот Кроу признал во емисијата на Еј-Би-Си „Најтлајн“, дека Винсенес бил во ирански води. Исто дознав дека некои други поморски офицери го опишале Роџерс како „агресивен“ и се чуделе зошто ја води неговата крстарица Еџис во тие води за да ги предизвикува иранските патролни бродови – самоубиство, во најдобар случај, си ја барал бељата во секој случај. Во одвлекување на вниманието од потерата, можеби комбинирано со фактот што радарски водениот систем за проектили на Еџис во тоа време бил нов, можеби довело до оваа негова фатална проценка.

Не долго по уривањето, Иран побара од Советот за безбедност на ОН да ја казни САД заради „злосторничкиот чин“ против летот 655 на Иран ер. Потпретседателот Џорџ Буш, кој учествуваше во трката за наследник на Роналд Реган како претседател, на изборен митинг рече: „Никогаш нема да се извинувам од име на САД – не ми е грижа какви се фактите“.

На крајот, во 1996, администрацијата на претседателот Бил Клинтон изрази „длабоко жалење“ и и исплати на владата на Иран 131,8 милиони долари во компензација, од кои 61,8 милиони долари требаше да одат за семејствата на жртвите. Техеран се согласи да ја отфрли тужбата против САД на Меѓународниот суд на правдата..

Многу години потоа, многу Иранци продолжуваат да веруваат дека уривањето на авионот било намерно. Тешко им е да поверуваат дека морнарицата на САД, со својата блескавост и моќен изглед, извршиле таков гнасен чин по грешка. И подготвени се да веруваат дека Америка – „Големата Сатана“ – на крајот била способна за такво зло.

Ништо од ова не е со намера да го симне Путин од одговорност затоа што ги поддржува сецесионистите во источна Украина, им дава напредно оружје, и ги обучува како да го користат. Ниту пак мислам да повлечам погрешна споредба помеѓу Русија и Украина денес, и Америка во Персискиот Залив пред четврт век. Што значи, сагата на Винсенес е повеќе од само шокантно делче од заборавената историја. Има паралели помеѓу тогаш и сега, лекциите треба да се научат.

Прво, нешта како овие се случуваат кога се вкрстуваат воените зони и нормалниот живот. Најдобар начин за избегнување тие да се помешаат, ако тоа воопшто може да помогне, е да се држат уздите цврсто, затоа што можат лесно да избегаат од контрола.

Поважно од тоа е најдобро да се учи од сопствените грешки. Америка може ќе се извлече со добар имиџ, во круцијалниот момент во конфликтите на Блискиот исток, ако претседателите Реган или Буш брзо признаа дека треба за виновни да прогласат неколку високи офицери и да ја признаат вината, но и да им исплатат отштета на жртвите. Ќе биде подобро за Русија ако Путин го стори истото сега. Имиџот не е се; се уште има политички спорови кои допрва треба да се решаваат. Но да се вклучите во таква транспарента измама само создава или го потврдува впечатокот за неискреност и злото.

Путин или кој и да ја истрелал ракетата, ќе треба да биде одговорен, како што Реган и екипажот на Винсенес требаше да бидат, дури и кога тоа не беа. Но ако ги сметате за одговорни и им изречете соодветна казна, не значи дека треба да ги обележите како терористи или воени криминалци. Прво, постои разлика помеѓу ненамерните грешки во војна и монструозните чинови на тероризам. Второ, главниот интерес на западот во Украина е – или треба да биде – да помогне да се создаде мирна, просперитетна Украина. Грозницата од сецесионизмот, која Путин ја поттикнува, создава клима – која ги преминува границите на воените зони и нормалниот живот – што овозможува трагедии како оваа со Малезија ерлајнс. Можеби е сега добар момент да се смени климата. Но тоа бара реалност од сите страни, а не правење театар или заборавање на историјата.

Слејт - Вашингтон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...