Замрзнување на сите активности во Јужното Кинеско Море

Манила, 29 јули 2014 (МИА) – Филипините ќе предложат  замрзнување на сите активности што можат да доведат до зголемување на напнатоста меѓу Кина и повеќето држави од југоисточна азија кои спорат околу сувереноста на Јужно Кинеско Море. Филипинскто Министерство за надворешни работи денеска објави план со три поглавја што треба да го прифатат министрите за надворешни работи на десетте дрѓави на АСЕАН и Кина, на состанок кој ќе оддржи во август.

На министерскиот состанок ќе бидат поканети и претставници на САД, ЕУ и Мјанмар. Се очекува сите заинтересирани држави даго прифатат замрзнувањето на активностите во Јужното Кинеско Море, се додека заинтересираните меѓу себе, или со посредство на меѓународната дипломатија и судски институции не предложат конечно решение за правата на сувереност меѓу државите што се спорат.

Спорот околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море започна во педесеттите години на минатиот век, а напнатоста ескалираше минатата година, кога Кина почна истражувања на морското дно на територија која за своја ја сметаат Филипините и Виетнам. Годинава во Виетнам во антикинески протести загинаа најмалку пет, а беа ранети стотина лица.

Кина тврди дека има историско и легитимно право на над 90 посто од површината на Јужно Кинеско Море, но Филипините, Виетнам, Брунеи, Малезија и Тајван  сметаат дека над половина од оваа територија спаѓа во меѓународни води, а најмалку една четвртина треба да се суверени територии на овие држави.

Јужното Кинеско Море, како што се претпоставува, има огромни резерви на нафта и гас. Морето е богато со риба, а над половина од светскиот пренос на роба по морски пат, со вредност од над пет илјади милијарди долари,се извршува преку ова спорно море.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...