Шеснаесет повредени Палестиници во нов воздушен напад

Газа, 31 јули 2014 (МИА) - Во денешниот утрински израелски воздушен напад врз џамија во северниот дел на Појасот Газа повредени се најмалку петнаесет Палестинци, кои во обидот да се избегаат од судирите се сокриле во едно училиште на ОН, јави службата за итна медицинска помош од оваа област.

Станува збор за едно од училиштата на ОН во бегалскиот камп Џабалија, што го држи Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Во истиот камп Џабалија  вчера во израелски артилериски напад врз друго училиште на ОН погинаа најмалку 16 Палестинци, меѓу кои и неколку деца.

ОН имаат 83 училишта во оваа област, кои цивилите сега ги користат за да се заштитат од судирите.

ОН и САД вчера го осудија гаѓањето на училиштата во кои загинаа палестински цивили.

ОН го обвинија Израел за „сериозно прекршување на меѓународното право“.

Израелската армија вчера соопшти дека со граната одговорила на минофрлачкиот напад, изведен од околината на училиште.

Повеќе од 100 Палестинци во средата беа убиени во Појасот Газа, вклучувајќи ги и жртвите на израелскиот оган врз преполниот пазар и училиште на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...