Нови израелски воздушни напади, убиени 12 Палестинци

Дванаесет Палестинци загинаа во новите израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопштијаспасувачките служби.

Деветмина Палестинци се убиени во Рафах, а тројца во централниот дел на Газа.

Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската операција против Хамас ќе продолжи колку што е потребно и со цела неопходна сила.

- Од самиот почеток ветивме враќање на мирот за сите граѓани на Израел и ќе продолжиме да дејствуваме додека не ја постигнеме таа цел. Тоа ќе трае толку колку што е потребно и ќе ја ангажираме целата неопходна сила, истакна Нетанјаху.

Тој нагласи дека израелската војска моментно спроведува неутрачизирање на тунелите во газа, кои на Хамас му овозможиле да „убие голем број на граѓани извршувајќи симултани напади“.

Израелската војска денеска ја објави смртта на војникот за кој претходно се претпоставуваше дека во петокот го киднапирале припадници на Хамас за време на борбите во Појасот Газа, по што беше прекинато и привременото примирје.

Војската соопшти дека 23-годишниот војник Хадар Голдин загинал за време на борбите во Газа.

Израел веруваше дека војникот е киднапиран во заседа, во која бомбаш-самоубиец изврши напад, убивајќи двајца војници.

Наводното киднапирање на Голдин предизвика осуда од ОН и САД, кои посредуваа во договорот за тридневен прекин на огнот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...