Конвојот со помош на ОН пристигна во Газа

Тел Авив, 27 август 2014 (МИА) - Конвојот хуманитарна помош на Обединетите нации пристигна денеска од Египет во Појасот Газа, првпат откако е воведена блокада кон оваа територија во 2007 година. 

Светската програма за храна соопшти дека во конвојот, кој влегол во Газа преку граничниот премин Рафа има храна за најмалку 150 илјади лица за пет дена. Помошта пристигнала по 50-дневното најкрваво насилство во изминатата деценија меѓу Хамас и Израел, кое по се изгледа заврши, откако вчера беше постигнат договор за неограничен прекин на огнот. 

- Исклучително е важно да имаме пристап до Појасот Газа, да обезбедиме постојан доток на хуманитарни залихи, со цел да одговориме на растечките потреби на луѓето зафатени од неодамнешните насилства, изјави Мухамед Диаб регионален диектор на Агенцијата за Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и Источна Европа. 

Во конвојот има 15.650 пакети храна, вклучувајќи конзервирано месо, грав, чај и урми, соопшти Агенцијата на ОН во Женева. Уште десет илјади пакети ќе бидат испорачани следните неколку дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...