Иран сигурно ќе постигне успех во преговорите за нуклеарната програма

Москва, 29 август 2014 (МИА) - Иран сигурно ќе постигне успех во преговорите со „шесторката“ меѓународни посредници за надминување на иранскиот нуклеарен проблем (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија) изјави денеска министерот за надворешни работи на Исламската република Мохамад Џавад Зариф, пренесе ИТАР-ТАСС.

Зариф во Москва разговараше со својот руски колега Сергеј Лавров.

-Ние разбираме и знаеме дека Русија ни помага и каква позиција зазема за време на преговорите, одбележа тој.

Иранскиот државник изрази благодарност „за позитивната позиција на руската Влада во преговорите меѓу Иран и ’шесторката’ и надеж дека во блиска иднина ќе може да се постигнат позитивни резултати, благодарение токму на руската позиција“.

Според Лавров, Русија полага напори преговорите за иранската нуклеарна програма да минуваат во праведни рамки и никој учесник да не добива еднострана предност, иако има  такви обиди.

Русија се изјасни за решение, изградено врз почитување на правото на Иран да извршува мирновременска нуклеарна активност „вклучувајќи го и правото на збогатување ураниум“, посочи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...