Пакистанската национална телевизија повторно емитува програма

Исламабад, 1 септември 2014 (МИА) - Пакистанската национална телевизија ПТВ повторно емитува програма, откако припадници на војската влегоа во зградата на телевизијата и ги исфрлија демонстрантите, кои претходно го зазедоа нејзиното седиште. 

Припадниците на војската ги изнеле демонстрантите од зградата на телевизијата, при што за време на нивното излегување немало судири, а во моментот зградата на ПТВ е под заштита на пакистанската војска. 

Демонстрантите претходно ја зазедоа зградата на ПТВ и програмата не беше емитувана одредено време. 

Водител на ПТВ изјави дека демонстрантите ја зазеле зградата и ги  претепале вработени, пред програмата да биде прекината. 

Голема група демонстранти се приближија претходно денеска до домот на премиерот на Пакистан, Наваз Шариф во централниот дел на Исламабад, каде се судрија со полицијата, која одговори со солзавец.

Иако привремено употребуваше солзавец, полицијата се повлекуваше и покажуваше воздржаност, додека демонстрантите, од кои многумина носеа дрвени палки, се приближуваа до официјалната резиденција на Шариф, иако не е познато дали премиерот е во својот дом. 

И покрај силниот дожд, групата демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон на патот до домот на премиерот и фрлаа со камења врз полицијата во центарот на Исламабад, барајќи оставка на Шариф. 

Демонстрантите ги предводи Имран Кан, кој беше познат спортист пред влегувањето во политиката и свештеникот Тахир ул Кадри. 

Шариф, кој минатата година стана премиер во првата пакистанска демократска транзиција на власта, одби да поднесе оставка и најави дека ќе се обрати пред пратениците во двата дома на Парламентот со цел да покаже дека „цврсто ја држи контролата во земјата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...