Оскар Писториус пукал „намерно и промислено“

оцени судијата во процесот во Јужна Африка

Јоханесбург, 11 септември 2014 (МИА) -  Судијата во процесот против најпознатиот јужноафрикански атлетичар, Оскар Писториус, кому судот во Јоханесбург му суди за убиство, заклучи дека тој пукал намерно и промислено, отфрлајќи ја на тој начин позицијата на неговата одбрана дека во неговата постапка „нема кривична одговорност“.

Судијата Токозила Масипа, која денеска треба да ја донесе пресудата во процесот против Писториус, од утринава почна со елаборацијата на доказите на обвинителство и на одбраната, како и со оценка за изјавите на сите сведоци и на сведочењето на обвинетиот атлетичар.

Во опширната елаборација која може да трае во текот на целиот ден,судијата Масипа рече дека пукајќи низ вратата на бањата во неговата куќа, во еден елитен кварт во Преторија, Писториус „реагирал противправно“.

Таа го оцени неговото сведочење во судот како „заобиколено“ тврдејќи дека Писториус при давањето исказ во текот на судскиот процес, ги заобиколувал одговорите, но тоа не занчи дека е виновен.

Оскар Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Рева Стенкамп, позната јужноамфриканска маненекна и фото модел.

Обвинителството тврди дека тој намерно пукал низ вратата на бањата, за да ја убие,откако претходно меѓу нив двајцата избувнала бучна расправија, што ја слушнале и соседите. Атлетичарот и неговата одбрана, пак, тврдат дека тој пукал мислејќи дека во бањата има провалник, без да знае дека во меѓувреме таму влегла Стенкамп.

Судскиот процес што почна уште во март оваа година, проследен со голем публицитет во целиот свет, се одвива без порота, па пресудата ќе ја донесе судијата Масипа.

Таа може да го осуди Пусториус за „казниво убиство“ или за ненамерно убиство на неговата девојка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...