Канада воведе нови санкции против Русија

Отава, 16 септември 2014 (МИА) - Канада воведе нови санкции против Русија поради руските операции во Украина, јави ИТАР-ТАСС. 

Канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд изјави дека Канада ги вовела нови санкции против Русија, бидејќи не е задоволна од руската агресија во Украина.

Тој додаде дека новиот пакет санкции е насочен кон четири лица, пет организации и една финансиска институција.

Со новите санкции се опфатени најголемата руска банка, Сбербанк, две фабрики во машинската индустрија  и три научноистражувачки институти.

Казнените мерки беа воведени во пресрет на официјалната посета на Канада на украинскиот претседател Петро Порошенко. Тој утре во Канада ќе се сретне со премиерот Стивен Харпер и ќе се обрати пред канадскиот Парламент. 

САД и ЕУ воведоа нови санкции кон Русија на 12 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...