Кинески амбасадор уапсен поради обвиненија за шпионирање за Јапонија

Пекинг, 17 септември 2014 (МИА) - Амбасадорот на Кина на Исланд Ма Јишенг и неговата сопруга Џонг Јуе се уапсени од кинеските власти под обвинение дека шпионирале за Јапонија. Кинеското МНР засега не ја потврди информацијата.

На официјалната Интернет страница на кинеската амбасада на Исланд и натаму стојат говорите и изјавите на Ма, вклучувајќи ја и осудата на јапонското воено минато и посетата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе на спорниот храм Јасукуни, кој е спомен на загинатите јапонски војници.

Ма од Исланд заминал на 23 јануари, и требало да се врати во март. Во мај МНР на Исланд го известило кинеското МНР дека Ма не се вратил.

- Други информации немаме за тоа, рече портпаролот на исландското МНР Урур Гунарсдотир.

Ма работел како секретар на кинеската амбасада во Јапонија од 1991 до 1995 и како комесар од 2004 до 2008.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...