ОН формираат специјална мисија за борба против епидемијата на ебола

Њујорк, 19 септември 2014 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го најави вчера создавањето на специјална мисија на ОН за борба против епидемијата на ебола. 

Во изјава пред Советот за безбедност на ОН Бан истакна дека мисијата ќе почне со работа кон крајот на овој месец. 

- Ситуацијата без преседан бара мерки без преседан за спасување на животите и за обезбедување на мирот и безбедноста, изјави генералниот секретар на ОН.

Тој посочи пет задачи, кои ќе ги исполнува мисијата на ОН за итна реакција против еболата: запирање на епидемијата, излекување на заразените, обезбедување на главни медицински услуги, стабилизирање на ситуацијата и спречување на идното избивање на епидемијата.

Бан додаде дека мисијата ќе работи во тесна соработка со регионалните организации како Африканската унија и Економската заедница на земјите од Западна Африка. 

Претходно вчера СБ на ОН едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од САД, со која епидемијата на ебола во Африка е означена како закана за меѓународните мир и безбедност и се повикуваат сите држави итно да достават ресурси и помош за справување со кризата. 

Според последните податоци на Светската здравствена организација бројот на жртвите на ебола во Западна Африка достигна 2.630 лица, а над пет илјади се заболени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...