Малезиската полиција прогласи „црвен аларм“ во провинцијата Сабах

Куала Лумпур, 22 септември 2014 (МИА) - По објавувањето на шест минутната видео снимка на која исламските екстремисти на групата Абу Сајаф повикуваат на поддршка на радикалите од Исламската држава, полицијата во Малезија прогласи нависок степен на готовност.

Пораката лично ја соопшти новиот шеф на Абу Сајаф,  Иснилон Хапилон, за кого е распишана потерница со награда од пет милиони долари.

Снимката, најверојатно, е направена во камп на џихадисти лоциран на југот на Филипините, а 48-годишниот лидер на Абу Сајаф носи маска на лицето. Тој порача дека најголемата акција за ангажирање на нови борци во Ирак и Сирија ќе се спроведува во малезиската провинција Сабах, која се наоѓа на островот Борнео.

Покрај Малезија, на висок степен на подготвеност за борба против исламистичките радикални групи се и полициските сили во Индонезија и на Филипините, а во Сингапур делува специјален корпус за откривање на радикалите од таа држава и нивните илегални врски за трансфер на регрутираните борци на страна на Исламската Држава.

Началникот на малезиската полиција Калид Абу Бакар навестувајќи акција на полициите на неколку држави од регионот, беше категоричен во тврдењето дека на тлото на Малезија нема да биде дозволено да се формираат ќелии за поддршка на ИД, а уште помалку да им се овозможи простор за делување на заговорниците на формирање на слични калифати во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...