Вооружен маж се возел во лифт заедно со претседателот на САД

Вашингтон, 1 октомври 2014 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама, се возел во лифт со вооружен човек, ангажиран врз основа на договор со една приватна безбедносна агенција, за кого се знае дека е обвинуван за насилство.

Американските медиуми кои го означуваат случајот како уште еден тежок пропуст на Тајната служба на претседателот на САД, соопштуваат дека инцидентот се случил на 16 септември, кога претседателот Обама бил во посета на Центарот за контрола и заштита од заразните болести во Атланта, во сојузната држава Џорџија.

Случајот кој досега беше сокриван од јавноста, беше откриен по вчерашното сослушување на раководителите на Тајната служба, која се грижи за безбедноста на американските претседатели, што се одржа во американскиот Конгрес.

Седницата беше закажана по итна постапка,  по тешкиот безбедносен пропуст,кога ветеранот од ирачката војна, Омар Гонзалес успеа да ја прескокне оградата од дворот на Белата куќа, да влезе во зградата и да дојде дури до Источната соба, од каде претседателот Обама обично и се обраќа на јавноста, пред да биде запрен од безбедбосната служба во резиденацијата на претседателот.

Источната соба која се користи и за службени приеми, се наоѓа во најстрого обезбедуваниот дел на Белата куќа, затоа што е само десетина метри одалечена од приватните простории на Обама и на неговото семејство. Тајната служба на САД, денеска, го потврди инцидентот во лифтот во Атланта, но одби да го коментира.

Тешкиот пропуст се однесува на прекршувањето на основното правило на Тајната служба, за тоа дека во близината на претседателот на САД, никој не смее да носи оружје, освен припадниците на неговото обезбедување.

Пиштолот кај човекот бил откриен, кога тој бил претресен при излегувањето од зградата. Отворена истрага, но веднаш по инцидентот, тој бил отпуштен од работа.

Американските медиуми пишуваат дека станува збор за човек кој на трипати досега бил обвинет за насилство и за тешко претепување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...