Напредувањето на ИД во Кобане е трагедија

Бостон, 9 октомври 2014 (МИА) - Напредувањето на Исламска држава во пограничниот сириски град Кобане е трагедија, но тоа нема да ги спречи САД и нивните сојузници од долгорочна стратегија за регионот, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

- Кобане е трагедија бидејќи го покажува злото на ИД, но не ја дефинира ниту стратегијата ниту целосните мерки кои се преземаат како одговор на ИД, истакна Кери.

Тој посочи дека само неколку недели се гради коалицијата.

- Луѓето  се уште добиваат задачи. Главна цел е да се направи простор за Ирак да постави Влада и да почне да дејствува, наведе Кери.

И покрај воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на ИД во Кобане џихадистите зазеле една третина од градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...