Јусафзаи и Сатијарти добитници на Нобеловата награда

за мир

Осло, 10 октомври 2014 (МИА) - Малала Јусафзаи (17), активистка од Пакистан и индискиот активист за права на децата Кајлаш Сатијарти се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за мир, објави Нобеловиот комитет.

Јусафзаи јавно се противеше на забраната на образование за девојчињата, по што пакистанските талибанци ја нападнаа во 2012 година, а откако беше ранета во главата беше префрлена на лекување во Велика Британија.

Во меѓувреме стана симбол на отпорот во борбата против бунтовниците во племенското подрачје Паштун, во северозападниот дел на Пакистан.

Таа претходно ја доби и наградата на Европската унија за човекови права.

Кајлаш Сатијарти е основач на групата која се бори против трговијата со луѓе и борец за заштита на правата на децата. Неговата организација помогна при ослободувањето на десетици илјади деца од ропство.

Комитетот соопшти дека наградата на Јусуфзаи и Сатијарти им се доделува „за борбата против репресијата на децата и младите и заложбата за право на сите деца на образование“.

Минатата година оваа награда ја доби Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPSW).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...