Филипинската армија уништи два логори на Абу Сајаф

Манила, 20 октомври 2014 ( МИА ) – Командата на филипинската армија денеска соопшти дека се уништени два логори на исламистичкото радикално движење Абу Сајаф, кое како огранок на Ал Каеда делува на југот на Филипините и во Малезија. Операцијата за уништување на бунтовничките логори завршила вчера попладне, но бунтовниците, со околу 100 луѓе под оружје и десет заложници, од кои 4 странци, избегале и се скриле во густата прашума.

Филипинската армија ја интензивираше потрегата по терористите од Абу Сајаф по нивните закани дека ќе ги обезглавуваат киднапираните странци ако за нив не добијат откуп. Абу Сајаф на социјалните мрежи и на локалното радио Минданао од пред две недели објавува закани дека на југот на филипинскиот архипелаг ќе прогласат исламски калифат, идентичен на оној во Ирак и Сирија.

Малезискиот миистер за одбрана минатата недела ги повика Филипините, Брунеј и Индонезија повеќе да соработуваат во откривањето на припадниците на Абу Сајаф. Оваа терористичка групација тврди дека за боиштата во Сирија и Ирак регрутирала 1.200 борци, а дека исто толку бунтовници под нивна команда се подготвуваат да го прогласат исламскиот калифат во југоисточна Азија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...