Патниците од Западна Африка во САД само на пет аеродроми

Њујорк, 22 октомври 2014 (МИА) - Патниците од земјите на Западна Африка, погодени со вирусот на еболата, од денеска може да слетуваат во САД само на пет меѓународни аеродроми.

Оваа одлука се однесува на патниците од Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја, кои од сега ќе пристигнуваат во САД само на аеродромите во Атланта,  Њујорк, Вашингтон, Чикаго и Њуарк.

На овие аеродроми е поставена специјалната техника за преглед и проверка на патниците од регионот во Африка, каде е жариштето на заразата, од која досега починаа повеќе од 4500 луѓе.

На патниците им се мери телесната температура и се проверува дали имаат треска, што според вирусолозите е првиот знак за инфицираност со ебола.

Некои здравствени експерти не веруваат многу во ваквото тестирање, ниту дека тоа може да помогне во запирање на ширењето на болеста, но властите во САД се одлучија на вакво решение по бурната реакција во американската јавност откако три лица заболеа од ебола, а еден пациент почина во болницата во Далас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...