Убиен еден од напаѓачите во близина на канадскиот Парламент

Отава, 22 октомври 2014 (МИА) - Непознат напаѓач денеска испука најмалку еден куршум од огнено оружје во војник, кој бил на стража пред споменикот на воените жртви во центарот на Отава, пренесуваат канадските медиуми. Напаѓачот потоа влегол во комплексот на канадскиот парламент, каде се чуле неколку истрели, по што полицијата ја опколила зградата.

Најмалку 20 истрели се регистрирани во регионот на канадскиот парламент, а полицијата е во потрага по уште еден или двајца вооружени напаѓачи, според очевидци во внатрешноста на комплексот.

Полицијата соопшти дека застреланиот војник се наоѓа во тешка состојба.

Канадската влада претходно денеска го зголеми нивото на опасност од тероризам од средно на високо, по општиот раст на меѓусебните комуникации меѓу припадниците на радикалните групи како што е исламската држава и Ал Каеда, соопшти портпаролот на канадскиот министер за јавна безбедност Жан Кристоф Де Ле Ру.

Во меѓувреме еден од напаѓачите, кои отворија оган во близина на Парламентот во Отава и во самиот објект, беше убиен во престрелка со полицијата, јави канадската телевизија Си-Би-Си.

Напаѓачот бил убиен во зградата на Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...