Двајца загинати и четворица ранети во нападот во средното училиште крај Сиетл

Ученикот, кој вчера пукаше во школската менза во местото Мерисвил, во близина на Сиетл, убил едно лице, четири соученици ранил и на крајот се самоубил, соопшти полицијата на сојузната американска држава Вашингтон.

Четирите ранети ученици, две девојчиња и две момчиња, се погодени во глава, а тројца од нив се наоѓаат во критична состојба, пренесе Би-Би-Си.

Тасс наведува дека убиеното лице, исто така, било ученик, чија ворзаст агенцијата не ја наведува.

Претходно, агенциите ја пренесоа изјавата на портпаролот на локалната полиција, Роб Ламуру, дека е сигурно оти станува збор за само еден напаѓач и дека тој се самоубил, ранувајќи претходно седуммина, од кои тројца од погодените се префрлени во болница.

Локалните телевизии околу средното училиште Пилчак, прикажуваат мноштво полицајци и работници на Итната медицинска помош. Спроведена е и евакуација на учениците, кои во ова школо ги има околу 2.500.

Ејн Дитрич, портпаролка на ФБИ во Сиетл, соопшти дека во помош на полицијата се упатени и оперативци на оваа агенција.

Училиштето во моментов се пребарува, просторија по просторија, пред да се прогласи за безбедно.

Претходна пукотница во некоја образовна установа во овој регион, беше регистрирана на 5 јуни, кога на Пацифичкиот универзитет во Сиетл вооружен поединец уби една, а рани две лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...