Браќа војуваат во Сирија еден против друг

Тирана, 28 октомври 2014 (МИА) - Во војната во Сирија еден спроти друг војуваат двајца браќа, по татко, косовски Албанци, едниот христијанин другиот муслиман, констатира тиранската телевизија Њус 24, пренесувајќи ја животната судбина на Дан Плава (52) од Косово. 

Во осумдесеттите години од минатиот век тој емигрирал во САД, каде се оженил за Американка, со која добиле син, но,како што вели бил принуден да ги напушти. Потоа заминал за Шведска каде се оженил за Косовка со која има пет деца.

- Синот во САД заврши  Воздухопловна академија и сега учествува во нападите врз џихадистите, додека синот од вториот брак е џихадист, вели Плава.

Тој ја раскажува својата приказна, за тоа како заминал во САД, како младо момче полно со соништа и надежи. Престојувал во Њујорк, каде се вљубил во Американка која била многу убава. Им се родил син на кое му го дале името Ѓон Пали Плава.

- Но, кусо потоа се се смени, таа ме деградираше, почна многу да пие, немав ни јас ни таа можност да го одгледуваме детето па го посвои нејзината тетка. Потоа дојдов во Шведска, каде со втората жена имам пет деца. Првиот е 22-годишен, го пораснав и добро воспитав, но не напушти. Побегна во Сирија да војува за џихадистите, нагласи Плава.

Сега синот кој го оставил во САД војува во Сирија, но со американските сили кои ги бомбардираат џихадистите и како што, вели, станал командант на пилотите. Тој преку емисијата „Отворено срце“ упати апел до другиот син:

- Го молам синот кој е роден во Шведска,да се врати дома и да не војува во Сирија, зашто греши. Таа војна  е грешка,порачува Плава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...