Deutsche Welle

Што да се прави со џихадистите?

Бројoт на салафисти во Германија расте и се проценува на околу 7 илјади. Многумина од нив се подготвени да одат во џихад. Прашањето е како да се излезе на крај со нив: да им се дозволи да заминат или да се држат насила?

Тој би го убил и сопственото семејство „кога би се поставиле против Исламската држава“. Така неодамна се изјасни Ерхан А. во интервју за „Зиддојче цајтунг“. 22-годишникот е познат салафист и поддржувач на Исламската држава. Неговото семејство од турско потекло живее во Кемптен, Баварија. Но, овој студент по економска информатика веќе не живее со нив. Кон средината на октомври мораше да ја напушти Германија. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман го прогласи за „опасна личност“ и тој беше депортиран во Турција.

Бројот на луѓе кои поддржуваат слична идеологија како Ерхан постојано расте, а во Германија се проценува на неколку стотици. Многумина од нив се салафисти подготвени за борба. Во прв ред се работи за млади луѓе кои се подготвени за „света војна“, за џихад.

„Пред неколку години имаше околу 2.000 салафисти, денес се веќе 6.300. Тоа е голема бројка, која не‘ загрижува“, изјави шефот на германската служба за заштита на уставниот поредок Ханс-Георг Масен. Најмалку 450 луѓе, според Масен, досега од Германија заминале на боиштата во Сирија и Ирак. „Но црната бројка е далеку поголема“. Од нив, 7 до 10 луѓе досега учествувале во самоубиствени напади. Околу 150 борци досега се вратиле од тие боишта во земјата.

Сега во Германија повторно се разгорува дебатата што да се прави со овие луѓе. Да им се дозволи ли на милитантите да заминат во војна, или пак треба да им се забрани патувањето и да им се одземат пасошите? Или пак, да се депортираат? Безбедносните служби истражуваат околу 200 осомничени активисти на Исламската држава. Министерот за правда Хајко Мас најави дека до крајот на годината ќе биде предложен закон со кој строго ќе се казнува учеството во вооружени конфликти во странски држави. Некои пратеници во парламентот бараат и далеку построги казни, меѓу другото, и забрана за рекламирање на терористичките организации.

Повратниците - најголем ризик

Безбедносните служби се загрижени дека салафистите повратници би можеле да организираат напади на германско тло. Како што се случи во Брисел, кога повратникот од Сирија, Мехди Немуш застрела четири лица во Еврејскиот музеј. Од друга страна, забраната некому да отпатува може да го претвори во темпирана бомба. Нападот на 32-годишникот во канадскиот парламент во Отава, само ги засили овие стравови. Тој сакал да замине во Сирија и со недели преговарал со властите за да му издадат пасош, за на крајот да нападне во парламентот.

Салафистот Ерхан А.

Со години, германските власти им дозволуваат на милитантните исламисти да отпатуваат. Но пред извесно време министрите за внатрешни работи од покраините се согласија да им се одземаат пасошите на потенцијалните џихадисти и на тој начин да се спречуваат да земат учество во војната. Осомничените добиваат привремен документ со кој не смеат да ја напуштаат Германија.

Во Франкфурт, во меѓувреме е отворено првото советувалиште против салафизмот. Министерот за внатрешни работи на покраината Хесен, Петер Бојт, вели дека радикалниот исламизам не може да се надмине само со помош на безбедносните служби. Неопходна е понуда и за превенција и советување, за да се оттргнат младите луѓе од тој пат. Мнозинството од оние кои во Германија се решаваат за џихад можат да се опишат со четири М, вели шефот на безбедносната служба Масен: „Мажи, муслимани, миграциско потекло и неуспеси во пубертетот, на училиште или во општеството“.

Тоа се млади луѓе како Ерхан А. По раѓањето во Турција, веќе 20 години со своите родители живеел во Баварија. Во местото Кемптен се наметнал како главен на салафистичката сцена. Откако кон крајот на 2013 година неуспешно се обидел преку Турција да влезе во Сирија, по враќањето во Германија му бил одземен пасошот. Подоцна е протеран од земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...