Мјанмар најави уставни промени кои ги бара опозицјата

Јангун, 31 октомври 2014 ( МИА ) – Властите во Мјанмар денеска најавија дека ќе направат уставни измени со кои и водачот на опозицијата, познатата Аунг Сан Су Ќи ќе има право да учествува на изборите за претседател што ќе се одржат идната година.

Одлуката за почеток на процесот за промена на Уставот е донесена на состанокот на претседателот на Мјанмар Теин Сеин со лидерите на поголемите политички партии и племенски раководители на кој се договараше платформа за мирно решавање на повеќедецениските политички и вооружени конфликти во Мјанмар.

За да се измени Уставот треба да се обезбеди поддршка на најмалку 75 посто од членовите на Парламентот. Според сегашниот Устав и армискиот врв има право на вето на секој амандман на Уставот, донесен во 2.008 година, по формалното укинување на военото владеење во поранешна Бурма.

Според овој Устав, Аунг Сан Су Ќи нема право да се кандидира за претседател, бидејки нејзиниот сопруг и двете деца имале и странско државјанство. Аунг Сан е една од најпознатите жени кои се борат за демократија во својата земја, а е и добитничка на Нобеловата награда за мир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...