Како натаму со изолираниот Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се‘ повеќе се изолира. Тоа може да го направи уште поагресивен. ЕУ мора да остане единствена, смета Кристоф Хазелбах.

Владимир Путин очигледно двојно се преценил. Неговата меѓународна изолација по извршената анексија на Крим не останува ограничена само на ексклузивната група Г8, од каде е веќе исклучен. Не, тој е аутсајдер и вознемирувач и во големата група Г20. Руското стопанство сега страда не само поради санкциите на ЕУ, туку и поради силниот пад на цената на нафтата. Курсот на рубљата паѓа, странските инвестиции изостануваат. Кога животниот стандард во Русија подолго време континуирано ќе паѓа, може брзо да ја снема и поддршката кај населението. Путин имаше вкалкулирано извесен тежок период и меѓународен притисок поради својата империјалистичка политика. Но, веројатно тој ја потцени можноста дека Западот толку долго ќе опстои на своите санкции, иако и самиот страда поради нив. Путин порано си замина од Бризбејн, наводно му треба доволно да се наспие до почетокот на работниот ден во понеделникот. Наспан, по се‘ она што се случи минатите месеци, можеби ќе се праша: дали вредеше ова?

Злоупотреба на поимот реална политика

За жал, конфронтацијата со Русија нема да се реши ако можеби Путин, по трезвеното одмерување, стигне до заклучок дека цената на неговата политика досега е многу повисока од добивката. Притиснат, тој може да стане уште поагресивен. Во прашање е престиж, навреда на националната гордост, чување образ. Делумно, имаме случај на волшебник-ученик, кој не може да се ослободи од духовите кои самиот ги повикал. Но, сите овие размислувања не треба да бидат причина за ЕУ да се помири со кршењето на меѓународното право и насилството. Во ЕУ постојат луѓе кои притискаат на скорешно укинување на санкциите, тие би биле подготвени на Русија да и‘ признаат сфера на влијание. Тогаш, земјите во таа зона би имале само ограничен суверенитет, не би можеле слободно да избираат приклучување кон заедници. За вакви отстапки радо се злоупотребува поимот реална политика. Во реалноста тоа би била распродажба на демократските вредности, прогласување банкрот од страна на Западот.

Руска зона на влијание на Западен Балкан?

Германската канцеларка Ангела Меркел во говор во Сиднеј невообичаено јасно кажа што се‘ стои на коцка. Таа, која избегнува секаков непромислен збор, која и во Бризбејн бараше разговор со Путин, како поранешна граѓанка на ГДР

(некогашната Источна Германија, н. з.) знае подобро од останатите што значи да се живее во руска зона на влијание. Таа стравува дека Русија, ако се извлече за анексиите, лиферувањето оружје и дестабилизирањето во Украина, истото може да го направи и во Грузија и Молдавија. Таа не исклучува целно насочена руска политика на интереси и саботирање на приближувањето кон ЕУ дури и во случајот со Србија и целиот Западен Балкан, значи во подрачје кое е опколено од ЕУ-држави. Толку далеку досега не отиде никој од шефовите на држави или влади од старите членки на ЕУ. Неправедно е, но ако тоа го кажеше претседател на некоја од балтичките држави, брзо ќе му беше префрлена параноја и кревање паника. Се чини, и Меркел во меѓувреме очекува и најлошо од Путин.

Решавачко е заедништвото

Со својот говор, Меркел не сакаше само да го зацврсти европското единство. Зашто, таа знае оти Путин се обидува да предизвика раздор. Спроведувањето на обемните економски санкции беше многу тешко во ЕУ. Колку подолго трае конфликтот, ќе биде уште потешко одржувањето поддршка за санкциите. Но, во прашање е одбрана на правниот мировен поредок, во кој границите не може едноставно да бидат поместувани со употреба на сила. Западот исклучува воена интервенција во Украина. Санкциите се најсилното оружје кое тој го има. Но, тие делуваат само долгорочно. Значи, треба да се има трпение. Истовремено, ЕУ не смее да попушти. Во рацете на самата Русија е одговорот колку долго ќе траат санкциите. Но, ЕУ треба јасно да им каже и на некои украински водечки политичари дека европската поддршка во основа не е бланко-чек. Реченицата на украинскиот претседател Петро Порошенко во весникот „Билд“: „Ние се подготвивме за сценариото тотална војна“, е речиси лесноумна. Путин не би можел ни да си посака подобра можност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...